Здружението „Љубители на класична музика“ Скопје, членка на Светската унија на хармоникаши денеска по 17-ти пат организира концерт по повод Светскиот ден на хармониката.
Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност, а ќе настапат уметници од земјава, како и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби. На програмата се дела од Зубицки, Вивалди, Пјацола, Бете Илин и други.
Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласи 6-ти мај за Светски ден на хармониката (World Accordion Day), бидејќи токму на овој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.
Роденденот на хармониката се чествува во многу земји низ светот, а овој меѓународен проект во земјава е поддржан од здружението „Љубители на класична музика“.