Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово, на 04.05.2025 година. Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети.
Со судска наредба, ден потоа, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираат од МВР.