На 04.06.2025 во 13.50 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(46) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.