Хроника

Претреси во Скопје: Полицијата расчистува убиства, нов удар за криминалните мрежи

На овој начин полицијата заедно со обвинителството е во насока да направи целосна реконструкција на настаните поврзани со убиствата на поголем број членови на криминални групи кои хараа низ улиците на Скопје и помагаа на светски криминалци да добијат Македонски пасоши кои непречено се шетаа низ целиот свет.

Претреси во Скопје: Полицијата расчистува убиства, нов удар за криминалните мрежи

Утринава е забележано големо присуство на полицијата низ улиците на Скопје. Според нашите информации се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на Пластичарска улица со кое во мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти, Халкидики, Грција.

Според тогашните информации, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде што престојувал Бајрами и отвориле оган, при што биле испукани 19 куршуми. Бајрами почина на лице место, додека неговиот пријател беше сериозно повреден, но истиот преживеа.

Дали со последната акција се комплетира целиот мозаик од случајот со убиството на Орхан Бајрами но и убиството на Амар Исмани, за кои веќе има и други лица кои се под истрага и во затвор?

Со ова полицијата задава комплетен удар на целокупната криминално бандитска мрежа, покажува храброст и решеност да расчисти со сите рецидиви на криминалнотот раководење на СДСМ и ДУИ.

На овој начин полицијата заедно со обвинителството е во насока да направи целосна реконструкција на настаните поврзани со убиствата на поголем број членови на криминални групи кои хараа низ улиците на Скопје и помагаа на светски криминалци да добијат македонски пасоши кои непречено се шетаа низ целиот свет.

На крај се поставува прашањето дали е случајно или не, во овој момент директорот на БЈБ, Александар Јанев да биде лично дискредитиран како дел од партиската кампања на СДСМ за наводни лажни дипломи, кој целиот свој работен век го поминал во полицијата, а својата кариера ја започнал како униформиран полициски службеник на своите 18 години. Дали обезбедување на правдата со овој голем случај но и со многу други истраги кои беа спроведени во изминатите месеци некого плаши дека со расчистување на политичкото подземје, истото повеќе нема да може да се користи за политички уцени.

To top