Денеска (26.05.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на А.З.(60), кој се здобил со изгореници при обид да го изгасне пожарот.
Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.