Хроника мвр

Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Лицето е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, потенцираат од МВР.

Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Вчера на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.М.(48) од Радовиш.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби, објави МВР.

Е.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, потенцираат од МВР.

To top