Биткоин достигна највисоко ниво од јануари, додека Етер бележи умерен раст. Вкупната крипто пазарна капитализација порасна на 3,4 трилиони долари.
Биткоин (BTC) на 21 мај повторно ја проби границата од 107.000 долари, по првпат од јануари 2025 година. Цената на највредната криптовалута порасна за речиси 2% на глобалните берзи, според податоци од „CoinMarketCap“. Во моментот, “BTC” се тргува по цена од 107.616 долари на меѓународните платформи.
Последен пат Биткоин достигна слични вредности во периодот меѓу декември 2024 и јануари 2025, кога накратко го допре нивото од 108.000 долари. Овој скок се случува додека пазарот реагира на сигналите за можни регулаторни промени во САД.
„”SEC” сигнализираше нова регулаторна стратегија која подразбира појасни и потранспарентни правила за крипто-индустријата. Заедно со растечкото институционално интересирање, тоа создава позитивен амбиент за долгорочен раст на пазарот,“ изјави Химаншу Марадија, основач и претседател на берзата “CIFDAQ”, за “Gadgets 360”.
Втората највредна криптовалута, Етериум (ETH), забележа умерен раст под 1% и моментално се тргува по цена од 2.587 долари на глобалните берзи.
Вкупната пазарна капитализација на криптовалутите се зголеми за 0,87% во последните 24 часа и изнесува 3,40 трилиони долари, што укажува на обновен интерес кај инвеститорите и позитивна пазарна динамика.
Сепак, не сите дигитални токени бележат раст. Меѓу губитниците во средата се најдоа “Ripple” („XRP“), “Binance Coin” („BNB“), “Cardano” („ADA“), “Chainlink” („LINK“) и “Litecoin” („LTC“), кои забележаа благо намалување на вредноста.