Ракометниот клуб Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија, беше одлучено денеска од Ракометната Федерација на Македонија.
Турнирот требаше да се одржи викендов, но истиот е одложен поради учеството на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп.
Бранителот на трофејот има меѓународни обврски овој и наредниот викенд, поради што е донесена одлука завршниот турнир од Купот на Македонија да биде презакажан за 31 мај и 1 јуни.
На овој турнир ќе учествуваат Алкалоид, Е. Пелистер, Вардар и домаќинот Охрид, а ждрепката за двојките за полуфиналето ќе се одржи на 21 мај.