Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров беше задоволен од играта по победата над Естонија, која беше константна цел дуел, иако фалеа повеќе репрезентативци заради повреда.
„Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите шеесет минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Заслужија ракометарите честитки и поддршка во недела за прикажаното. Во следниот дуел не очекува физички моќна и тркачки добра Литванија. Се надевам дека ќе бидеме на ниво, но, сеедно, очекувам тешка борба. Ќе ни бидат потребни и концентрација и свежина за да ја исполниме целта“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Последниот меч од квалификациите за ЕП 2026, Македонија го игра на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ против Литванија со почеток од 18:00 часот.
За пласман на ЕП потребна ни е победа од три гола за да го освоиме второто место кое носи директен пласман на шампионатот.