Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да игра на Мастерсот во Мадрид, објави „Marca“.
Се очекува 22-годишниот Шпанец да ја соопшти својата одлука денес на прес-конференција.
На 20 април Алкараз загуби од Данецот Холгер Руне во финалето на турнирот во Барселона (6:7 (6:8), 2:6). Во текот на натпреварот тој го повреди бутниот мускул на десната нога.
Турнирот во Мадрид ќе се игра до 4 мај. Алкараз го освои Мастерсот во 2022 и 2023 година.