Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар на Сантијаго Бернабеу во саботата и се збогува со навивачите на Реал Мадрид, а синоќа AS објави досега невидена снимка од Хрватот од клупскиот автобус.
Имено, на тоа видео, Модриќ седи до соиграчот Лукас Васкез и во еден момент не можеше да ги задржи солзите, па се расплака.
Почна неутешно да плаче додека гледаше во мобилниот телефон, а потоа Васкез го прегрна и почна да го теши.
Luka was crying going to the Bernabéu 😭💔 pic.twitter.com/49PcDPCiKD
— Ele 💔 (@EleModric) May 25, 2025
-Ќе им ги скрши срцата на многумина: неописливата сцена на Модриќ како доаѓа на Бернабеу. Во саботата, Лука Модриќ играше за последен пат на Бернабеу во дресот на Реал Мадрид. Оваа сцена со Лукас стана вирална, пишува As.
Модриќ го напушти натпреварот со голем аплауз и скандирање од целиот стадион, а кога си замина ги поздрави сите свои сегашни соиграчи, некои поранешни како Тони Крос, како и неговото семејство.
Играчите на двата тима му подготвија шпалир кога си замина, а Реал ја објави таа фотографија и во описот на хрватски јазик напиша: „Ти благодарам, Лука“.
Играчот со најмногу трофеи во историјата на мадридските гиганти ќе игра за Реал на Светското клупско првенство, а потоа засекогаш ќе го соблече дресот на Реал.
Клубот објави и видео посветено на Модриќ и Карло Анчелоти, кој на истиот натпревар, за последен пат во предводеше тимот. Моментите од последниот натпревар на Модиќ низ објективот на „Кралевите“ погледнете ги во продолжение.