Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во последната година од договорот.
Клубот прави се за да го задржи и му понуди нов договор, но Сане не е задоволен од понудата на Баварците.
Моментално, како што известува „Скај Спорт“, Сане е поблиску до заминување отколку останување во клубот од Минхен.
Клубовите од Премиер лигата внимателно ја следат неговата ситуација и имаат намера да го ангажираат без обештетување за следната сезона.
Арсенал и Челзи го покажуваат најголемиот интерес и веќе започнале преговори со агентот на Германецот.