Фудбал одлични вести за каталонцте

Рафиња го продолжи договорот со Барселона

Рафиња го продолжи договорот со Барселона

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2028 година.

„Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој го обврзува со клубот до 30 јуни 2028 година“, се вели во соопштението.

Рафиња ја започна својата кариера во Европа во Виторија Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, во јули 2022 година пристигна во Барселона.

28-годишникот доби вистинска награда од клубот за извонредната сезона, во која одигра клучна улога во освојувањето на три трофеи во домашните натпреварувања (Примера, Копа дел Реј и Суперкуп на Шпанија).

To top