Шпанските медиуми пишуваат дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го повикал хрватскиот фудбалер Лука Модриќ да му се придружи во Интер Мајами.
Клубот, кој е делумно во сопственост на Дејвид Бекам, последните години покажува интерес за Модриќ, но тој последните лета го продолжуваше договорот со Реал за по една сезона.
Медиумите во Шпанија објавија дека Реал Мадрид после раното испаѓање од Лигата на шампионите и заостанувањето зад Барселона во Ла Лига започнува со генерален ремонт и дека сè повеќе изгледа дека во склад со тоа ќе се зблагодарат на Модриќ.
Тој е капитен, легенда на клубот и негов најтрофеен играч, но изгледа дека по 13 години во Мадрид е блиску до заминување. Договорот му завршува на 30 јуни, а Реал сеуште не му понудил продолжување.
Модриќ без разлика на зрелите години не сака да се пензионира бидејќи целта му е да игра за Хрватска на Светското првенство наредната година.
Тоа ќе се одржи во САД, а токму од таму е клубот што го посакува него. Интер Мајами го предводи Меси, а во тимот има уште неколку ветерански легенди на Барселона – Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.