Фудбал Спорт изненадување

Барселона го продава Рафиња

Барселона го продава Рафиња

Каталонскиот фудбалски клуб Барселона го игра, можеби, најдобриот фудбал сезонава, па токму затоа е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

Имено, како што пренесуваат голем број шпански медиуми, се чини дека главниот кандидат за „Златната топка“, Рафиња (28), кој и покрај тоа што ја има најдобрата сезона во кариерата, може да не остане во Барселона.

Каталонскиот клуб сака да го продаде и покрај одличните резултати во клубот, во кој е од 2022 година.

Бразилецот оваа сезона одигра 48 натпревари и постигна 30 гола, од кои 12 во Лигата на шампионите и 15 во Ла Лига. Сепак, тоа нема да ја спречи Барселона да најде замена за него. Клубот би можел да стои зад оваа идеја бидејќи Рафиња минатата година беше на прагот на заминување.

To top