Познати на 82-годишна возраст

Почина Слај Стоун, легенда на фанк и соул музиката

Групата, позната по комбинирањето на соул, психоделичен рок и госпел, остави траен белег со хитови како „Everyday People“, „Family Affair“ и „Dance to the Music“.

Почина Слај Стоун, легенда на фанк и соул музиката

Легендарниот американски музичар Слај Стоун почина на 82-годишна возраст по долга борба со хронични здравствени проблеми, соопшти неговото семејство.

„По долгогодишна борба со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и други здравствени компликации, Слај почина мирно, опкружен со своите деца, блиски пријатели и семејство“, се вели во соопштението. Семејството истакна дека неговото музичко наследство ќе продолжи да инспирира нови генерации.

Слај Стоун, роден како Силвестер Стјуарт на 14 март 1943 година во Дентон, Тексас, ја започнал кариерата како продуцент и диџеј, а во средината на 1960-тите го основал бендот „Sly and the Family Stone“. Групата, позната по комбинирањето на соул, психоделичен рок и госпел, остави траен белег со хитови како „Everyday People“, „Family Affair“ и „Dance to the Music“. Албумот од 1971 година „There’s a Riot Goin’ On“ се смета за едно од највлијателните музички дела на 20. век.

И покрај успехот, Стоун подоцна се соочил со финансиски и здравствени проблеми, вклучително и правни битки за неисплатени хонорари. Неодамна завршил сценарио за филм за неговиот живот, по објавувањето на неговите мемоари во 2024 година.

To top