На валутните пазари, во понеделникот претпладнето стагнира вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,60 поени, речиси исто како и во петокот навечер на затворњето на тргувањето.
Курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се намали за 0,14 проценти, на 143,45 јени.
Но американската валута зајакна во однос на европската, за 0,1 процент, па цената на еврото се лизна на 1,1360 долари.
Цените на нафтата пораснаа откако минатата седмица паднаа за повеќе од 1,5 проценти. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,34 проценти, на 67,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,43 проценти, на 63,30 долари.