На денешната седница за пратенички прашања во Собранието се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја затекнала државата во катастрофална состојба од претходното владеење на СДС.
Пратеничката прикажа табеларен приказ од НБРМ каде јасно можат да се воочат директните странски инвестиции и како тие се одвивале во минатото.
-Пред не цела година, за промена на власта затекнавме пепел од држава уништена од неработење и крадење со интерес на владата на СДС и ДУИ, само за лично богатење. Наглото зголемување е од 2024 година но овие „дупки“ се од 2023 година, анализирајќи ги овие директни странски инвестиции во државата за изминатите години и ова намалување од 2023 година не тера на помислата зошто има толкава пасивност во неработењето на тогашната влада?, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Пратеничката упати прашање до премиерот Мицкоски и запраша:
-Со мартовската плата исплатена во aприл значително се покачија платите на вработените во здравството, образованието, безбедности а се исплати и линеарно покачување на пензиите, моето конкретно прашање е колку пари се обезбедија од буџетот за ова покачување и дали се има во план ова покачување да продолжи со што би се подобрил животниот стандард на граѓаните?, запраша Стаменкоска Трајкоска.