СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(58) и Ш.С.(34). двајцата од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.
На 17.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што е пронајден и одземен список на клиенти за IPTV канали и листа со клиенти за IPTV канали.
-Додека, во телефонот на првопријавениот се пронајдени слики со кориснички имиња за IPTV канали и налози за примање на парични средства од неколку фирми за брз трансфер на пари, кориснички панел за IPTV канали, конфигурации и детали за сите корисници, информира МВР.