Во Кавадарци денеска ќе биде отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, под мотото, „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата“, информираат од СОС Детско село.
– Овој настан претставува важен чекор кон промовирање на современи, достапни и локално ориентирани пристапи во грижата за децата. Преку новите услуги, се унапредува квалитетот на поддршката на згрижувачките семејства и се зајакнува системот на згрижување, со цел секое дете да расте во безбедна, грижлива и поттикнувачка средина, соопштуваат од СОС Детско село.
Оттаму ги нагласуваат напорите што се вложуваат заеднички, од страна на институции, граѓански сектор и локални власти, за подобар живот и иднина на децата без родителска грижа.