Мостот на река Вардар кај Башино село изграден далечната 1971 година кој децении наназад опстојувал со видливи оштетувања поради негрижа и ненавремено санирање беше опасен по животот за нашите граѓани кои го секојдневно го поминуваат, и кој моравме извесно време и да го затвориме, веќе е во напредна фаза на санација и очекувам за еден месец од сега да биде повторно целосно функционален, информираше денеска преку социјалната мрежа на Фејсбук директорот на ЈПДП Коце Транајновски.
Денеска заедно со градоначалникот на Општина Велес-Колев и со пратениците Здравковски и Јамалов како и со деканот на Градежниот факултет Марковски бевме на увид да се увериме на лице место дека забрзано се работи на санацијата и дека рокот ќе биде запазен.
Се уверивме дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот, се поставува нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третира мостот од внатре. Исто така, бевме известени дека иако се работи на опшивката на столбовите тоа не пречи на одвивањето на сообраќајот по мостот кој е со времен режим и се одвива по средината на мостот заради безбедност, но и во истовреме се следи преку најсовремена опрема монтирана под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира.
До овој момент завршени се столбовите што имаат карбонски траки, се работи на заштитата одозгора, односно на премачкување со боксивна смола што исто така е завршено. Се врши премачкување со таканаречен репаратур малтер и сега останува да се направи армирањето на главните носачи на мостот коишто се оштетени и нивно наново бетонирање и зајакнување од нивната долна страна.
Изведувачот започна и со активности за челичење елементи што ќе ги зацврстуваат столбовите, односно ќе следи поставување на челични врски на столбовите, со што би се зајакнала конструкцијата на мостот.
Реконструкцијата на овој мост е финансирана од ЈПДП, односно Владата, а проектот е вреден 24.614.554 денари без ДДВ.
Санацијата на мостот кај Башино Село првично треба да го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.
Во меѓувреме забрзано работиме и на изработка на проектна документација за изградба на нов мост кој биде лоциран одма до постоечкиот, пишува меѓудругото во својата објава Трајановски.