Република МКЦ во четврток 20 часот

„ПЕЕМЕ ЗА КОЧАНИ“ Концерт во МКЦ за семејствата на починатите и повредените

„ПЕЕМЕ ЗА КОЧАНИ“ Концерт во МКЦ за семејствата на починатите и повредените

Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.

Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

По страшната трагедија и пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани иако се’ е уште многу црно и тажно, шоуто сепак ќе мора да продолжи… Она естрадното, иако повеќе од сигурно дека се’ уште никому не му е до забава, до песна, смеа, веселба… Ниту на естрадните уметници, ниту пак на публиката. Но, сепак… колку и да изгледа дека сега да се свири и пее е нестварно, овој пат шоуто ќе продолжи со посебна цел и причина – хуманитарно!

To top