Република провизија 16 пати поголема од 2023-та (од 0,63% до 10%)

НА ШТО СЕ ДОЛЖАТ 5,5 ПАТИ ПОВИСОКИТЕ ПРОВИЗИИ НА НОВАТА ГАРНИТУРА: КЈП Водовод – Кочани за времени вработувања ќе треба да плати провизија од околу 41.000 евра! (ДОКУМЕНТИ)

Во време кога Кочани и Македонија се соочуваат со една од најголемите трагедии со голем број на жртви и повредени, и кога комуналното претпријатие е потонато во долгови, менаџерскиот тим Водовод Кочани, поставен од ВД Градоначалникот Венко Крстевски немилосрдно троши народни пари за времени вработувања со огормни провизии.

НА ШТО СЕ ДОЛЖАТ 5,5 ПАТИ ПОВИСОКИТЕ ПРОВИЗИИ НА НОВАТА ГАРНИТУРА: КЈП Водовод – Кочани за времени вработувања ќе треба да плати провизија од околу 41.000 евра! (ДОКУМЕНТИ)

Во време кога Кочани и Македонија се соочуваат со една од најголемите трагедии со голем број на жртви и повредени, и кога комуналното претпријатие е потонато во долгови, менаџерскиот тим на Водовод – Кочани, поставен од ВД Градоначалникот Венко Крстевски, троши 5,5 пати повеќе народни пари за времени вработувања со енормни провизии, споредено само со минатата година.

Имено, според документите до кои дојде Курир, Водовод – Кочани за времени вработувања на приватна агенција од Скопје само за провизија треба да им исплати неверојатни 41.000 евра, од минорни 9.000 евра во 2024-та и микро 3.000 евра во 2023-та година. Обемот на работа е можеби променет, но провизиите се енормно зголемени.

Она што е впечатливо во овој договор е токму разликата во големиот процент на провизија споредбено со претходните договори, односно претпријатието за истиот договор во 2023 година, плаќало провизија од 0,63%. Во 2024 година провизијата на истиот ваков договор на вкупната сума изнесувала 1,40%. Споредбено со овие две претходни години, во 2025 процетнтот пораснал за неверојатни околу 8,6%, со што само за провизија за агенциски услуги Водовод – Кочани на приватната агенција со 10% ПРОВИЗИЈА треба да им исплати околу 2.548.000 денари односно околу 41 000 евра.

Па така во 2023 година вкупната вредност на договорот била 29 500 000 денари со ддв, а процентот бил 0,63% или околу 185 000 денари провизија за АПВ.

Во 2024 година вкупната вредност на договорот била 38 232 000 денари со ддв, а процентот бил 1,40 % или околу 535 000 денари провизија за АПВ.

Во 2025 година вредноста на договорот е 25 488 000 денари со ддв, а процентот е 10% или околу 2 548 000 денари односно околу 41 000 евра за провизија за АПВ.

КЈП Водовод од Кочани како и сите јавни претпријатија во државата користи услуга од агенција за привремени вработувања (АПВ). Ваквата услуга се користи за вработување на лица кои би работеле сезонски работи (косачи, метачи, утоварачи на отпад и сл). Улогата на АПВ е да биде посредник помеѓу работниците и КЈП Водовод, односно да најде вработени кои би сакале да работат и истите да ги отстапи на КЈП Водовод. КЈП Водовод понатаму е должен на работниците да им исплати плати, придонеси и други додатоци, а на АПВ му исплаќа процент за услугата што му отстапува работници, односно за посредништвото. Во изминатите 3 (три) години јавната набавка се доделува на АПВ Анторис. Плаќањето на услугата за користење на АПВ се врши согласно постигнат процент (од е-аукција) на јавната набавка (тендер) од вкупната цена на предвидената сума за привремени вработувања.

Со користење на Агенции за времени вработувања се избегнуваат бирократските процедури, а вработување преку агенција често е поскапо, бидејќи агенцијата наплатува провизија покрај платата на вработениот. Проблемот е во енормно згоемените провизии, кои за две години (2025-2023) се скоро ЧЕТИРИНАЕСЕТ ПАТИ поголеми, а за само една година (2024-2025) се околу ПЕТ ИПОЛ ПАТИ повисоки споредбено со провизиите кои ги исплаќа новата гарнитура на штотуку псотавениот градоначалник на Кочани.

Најнови вести од Република

To top