Регион

Се уредува првата плажа кај Пустец, почетокот на туристичката сезона ќе биде означен на 31 мај

-Станува збор за јавната плажа „Ралник“, што е првата плажа во нашата област што се рехабилитира и уредува според сите стандарди за да ги пречека туристите во претстојната летна сезона. Ова претставува важен чекор кон одржлив туристички развој и подобрување на квалитетот на животот за жителите и посетителите, кои од година во година ги има се во поголем број, рече градоначалникот Пали Колефски.

Се уредува првата плажа кај Пустец, почетокот на туристичката сезона ќе биде означен на 31 мај

Во напорите да се привлечат што поголем број туристи, општина Пустец продолжува со активности за таа цел, а последно е проектот за уредува на дел од крајбрежјето на Преспанско Езеро.

-Станува збор за јавната плажа „Ралник“, што е првата плажа во нашата област што се рехабилитира и уредува според сите стандарди за да ги пречека туристите во претстојната летна сезона. Ова претставува важен чекор кон одржлив туристички развој и подобрување на квалитетот на животот за жителите и посетителите, кои од година во година ги има се во поголем број, рече градоначалникот Пали Колефски.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Фонд за развој на Албанија.

Колефски најави дека во организација на општината, со низа активности на 31 мај во 10 часот, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен почетокот на туристичката сезона.

-Традиционално ќе бидат презентирани природните убавини, културните богатства, македонските традиционални јадења, традиции и обичаи. Повеќе ресторани и производители на храна ќе имаат штандови со свои производи и услуги. Ќе има и богата културно-уметничка програма од локалните културно-уметнички друштва и групи. Добредојдени се сите. Очекуваме да присуствуваат гости од повеќе градови од Албанија и од Македонија, нагласи Колефски за МИА.

Како што потврдија за МИА, од македонската амбасада во Тирана, на настанот ќе присуствуваат и претставници на амбасадата, предводени од Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор.

To top