Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ.
Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос.
На местото на настанот се испратени екипи кои треба да ја исцрпат водата и да ги санираат штетите.
Пристапот до Неа Ираклија е само преку селото Агиос Павлос.