Регион

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот на претседателите на парламентарните партии што го најави кабинетот на претседателката.

Генералната секретарка на ДПК, Вљора Читаку, синоќа за приштинските медиуми изјави дека ќе присуствува на состанокот со претседателката.

Истото го потврдија и претставници на Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, додека движењето Самоопределување досега не се изјасни за најавата за состанок кај претседателката.

Кабинетот на претседателката Османи вчера соопшти дека наскоро ќе ги контактира партиите за сеопфатен состанок.

– Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, веќе изрази целосна подготвеност, уште од 16 април, да ги прими лидерите на политичките партии доколку тие сметаат дека е потребно. До вчера немавме такво барање. Сега кога некои партии побараа претседателката да свика заеднички состанок на лидерите, кабинетот на претседателката наскоро ќе ги контактира политичките партии за да утврди кој е најсоодветниот термин за сите за еден таков сеопфатен состанок, изјави советникот за медиуми Беким Купина.

To top