Регион парламентарни избори во албанија

Демократската партија на Албанија за лобирање ќе плати шест милиони долари на американска компанија

Опозициската Демократска партија на Албанија потпиша договор за лобирање вреден шест милиони долари со американската компанија Continental Strategy, која ја водат луѓе блиски до претседателот Доналд Трамп, објавија албанските медиуми.

Договорот, кој на 4 април го потпишал генералниот секретар на Демократската партија, Фљамур Нока и Карлос Трухиљо, поранешен советник на Трамп и основач на компанијата, предвидува месечна исплата од 250.000 долари во период од две години.

-Според договорот, компанијата ќе помогне да се воспостават контакти со претставници на американската влада и Конгресот, да промовира каузи како што се борбата против корупцијата и владините реформи во согласност со американско-албанските интереси и да се вклучи во стратешки правни прашања во име на Демократската партија и коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“, наведуваат медиумите.

Финансиски гарант на договорот е Нуредин Сечи, американски Албанец по потекло од северниот албански град Тропоја, кој живее во Њујорк.

-Continental Strategy е основана во 2021 година од Карлос Трухиљо откако Трамп ја напушти претседателската функција. Во своите редови вклучува важни поединци поврзани со републиканските кампањи, како што се Алекс Гарсија и Кејти Вајлс, ќерката на Сузи Вајлс – поранешен менаџер на кампањата на Трамп.

Потегот на ДП се смета за обид да се зајакнат врските со републиканска администрација и да се влијае на чувствителните прашања за партијата, вклучувајќи го и статусот „нон грата“ на нејзиниот лидер Сали Бериша. Меѓу првите акции на фирмата беше комуникацијата со шефот на кабинетот на сенаторот Марко Рубио, клучна фигура во американската надворешна политика.

To top