Регион бизнис

Бизнис во Бања Лука: Брачен пар продавале кокаин на штанд за крофни

Брацо Кота (55) од Бања Лука и неговата сопруга Анѓелија Кота (33) со години продавале кокаин на подрачјето на Челинац и Бања Лука, а на судењето сега се откриени деталите од нарко бизнисот.

Бизнис во Бања Лука: Брачен пар продавале кокаин на штанд за крофни

Брацо Кота (55) од Бања Лука и неговата сопруга Анѓелија Кота (33) со години продавале кокаин на подрачјето на Челинац и Бања Лука, а на судењето сега се откриени деталите од нарко бизнисот.

Очевидци раскажаа дека Кота, меѓу другото, продавал дрога на штанд за крофни во близина на гимназијата во Бања Лука, а цената била 100 конвертибилни марки или 51,13 евра за „парче“ односно меѓу половина грам и грам.

Продажбата ја договарал на апликации како Вибер и Инстаграм, а Брацо исто така доаѓал кај клиентите со автомобил.

„По договор доаѓаше со својот автомобил. Ми ја даваше дрогата, а јас му ги давав парите. Понекогаш со него беше и неговата сопруга, но не излегуваше од возилото“, рекол сведокот. Истиот човек потврдил дека понекогаш купувал дрога и на штандот, но се пожалил дека кокаинот е слаб.

Вториот сведок изјавила дека купила половина грам кокаин за 51,13 евра и дека се договориле на Инстаграм профилот „minifinikrofnice“, кој го користел парот, објави порталот Глас српске.

Што пишува во обвинението?

Обвинителите ја товарат брачната двојка за набавка на големи количества кокаин и продажба во периодот од 2017 до мај 2021. Се наведува дека контактирале со клиенти преку мобилен телефон, Вибер, Инстаграм и WhatsApp, а потоа ги договориле деталите за купопродажбата во шифри. Тие и претходно склучиле спогодби за признавање вина, но биле одбиени и судењето продолжило. Нивниот бранител Саша Лаботиќ истакна дека во истрагата незаконски биле испрашувани сведоци. „Не е познато дали биле испрашани како сведоци или осомничени. Еден сведок рече дека не знае во какво својство бил испрашуван“, се спротивстави Лаботиќ.

To top