Регион 24-часовен штрајк

Атина денеска без такси превоз

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) и бараат дозвола возилата да сообраќаат во специјалните сообраќајни ленти наменети за автобусите.

Атина денеска без такси превоз

Таксистите во Атина во шест часот утрово започнаа 24-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) и бараат дозвола возилата да сообраќаат во специјалните сообраќајни ленти наменети за автобусите.

Од синдикатот соопштија дека по изјавата на заменик-министерот за транспорт дека ја исклучува можноста такси возилата да сообраќаат во автобуските ленти, управниот одбор свика вонреден состанок на кој беше одлучен денешниот штрајк.

Најнови вести од Регион

Теми на денот

To top