Македонија Казахстан

Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025

Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“.

Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025.

Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.

Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“.

– Форумот се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските промени и економските промени на глобално ниво, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top