-Васо не оди таму самостојно туку други му рекле да се врати да види што направил. Повикуваме да ја изречете највисоката затворска казна која според мене е ниска. Ако државата е болна, Судот нека биде здрав – рече во завршен збор таткото Тодор Кулаков.
Тоа што Васил призна вина не ја намалува нашата болка. Бараме најстрога пресуда за тој што и го одзеде животот, порача семејството на загинатата Фросина Калукова откако возачот призна вина.
Обвинителот Александар Марковски побара Јованов да биде казнет според законот, кој предвидува максимална казна од 20 години.
На 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на самото место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.