Македонија се води опсежна истрага за трагедијата

Предупредувачки протестен марш за Обвинителството: Семејствата на настраданите во „Пулс“ на мирен протест во Скопје

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата. Од Обвинителството вчера упатија повик до семејствата на настраданите доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на денешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.

Предупредувачки протестен марш за Обвинителството: Семејствата на настраданите во „Пулс“ на мирен протест во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.

– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во пишаното известување од семејствата.

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Од Обвинителството вчера упатија повик до семејствата на настраданите доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на денешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.

– Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите, се наведува во информацијата од Обвинителството.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ досега одржаа четири протестни марша во Кочани на кои ги повикаа институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата, да не ја одбегнуваат одговорноста.

Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, од кои првично 59, а уште тројца како последица на тешките повреди здобиени во несреќата. Повредени беа близу 200 лица од кои најголем дел по првично укажаната помош, беа препратени на лекување во странство. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер.

За трагедијата се води опсежна истрага во која се вклучени 13 обвинители и според надлежните, извршени се голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица меѓу кои поранешни министри за економија, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни директори на Пазарниот инспекторат полициски службеници, актуелни и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување….

Најнови вести од Македонија

To top