Македонија НАТКАСТ

Панова: Истрагата по трагедијата во Кочани е темелна и неселективна, опозицијата прави дефокус

Таа им се заблагодари на министрите Муцунски и Мисајловски кои се изборија повредени од Кочани да добијат третман во здравствени институции во други држави. Им честиташе и на докторите и на сите вклучени во помошта за повредените по трагедијата.

Панова: Истрагата по трагедијата во Кочани е темелна и неселективна, опозицијата прави дефокус

„Кочанската трагедија траорно ја чувствуваме сите. Сите сочувствуваме со луѓето кои загубија свои деца, луѓето кои сè уште имаат повреди и сè уште се во нашите и странските болници. Има луѓе кои се борат за своите животи. Сите во стабилна состојба и да се надеваме дека ќе се изборат“.

Ова во гостувањето на НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

-Но она кое што е симптоматично за опозицијата е, нормално дека ќе напаѓа, но тоа што мене ме загрижува е дека веќе целата македонска јавност е свесна дека тоа е некоја погрешна ПР стратегија која ја има опозицијата. На тој начин не може таа да издејствува доверба кај македонскиот народ бидејќи ова што за прв пат се гледа како реакција од страна на институциите дава надеж. И јас секојдневно сум меѓу граѓаните, морам да кажам дека народот генерално е задоволен од тоа како реагираа институциите, со спасувањето на човечки животи, рече пратеничката.

Таа им се заблагодари на министрите Муцунски и Мисајловски кои се изборија повредени од Кочани да добијат третман во здравствени институции во други држави. Им честиташе и на докторите и на сите вклучени во помошта за повредените по трагедијата.

Сепак, обвини дека опозицијата прави дефокус.

-Ме загрижува дека опозицијата прави дефокус и насочуваат во селективност на истрага, што апсолутно не е точно. Во тој дел за прв пат се постапува онака како што требало институциите да постапуваат и во минатото кога Македонија ја погодуваа исто така големи трагедии, рече пратеничката.

Таа порача дека истрагата сега е темелна, а потсети на несериозните чекори и изјави од страна на Владата на СДСМ за време на другите трагедии.

Целото нејзино гостување погледнете го во видеото во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top