Македонија АРМ

Одбележувње на Денот на воздухопловниот ВИНГ

Со воена свеченост која се одржа во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа, 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата.

Одбележувње на Денот на воздухопловниот ВИНГ

Со воена свеченост која се одржа во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа, 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата.

На свеченоста покрај началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа командантот на Команда за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Командата за операции, команданти на единиците, поранешни команданти кои ја предводеле оваа структура во различни фази од нејзиниот развој, претставници од Министерството за внатрешни работи, Асоцијацијата на одбранбените аташеа, како и претставници од локалната самоуправа.

Началникот на Генералштабот честитајќи го Денот на единицата, истакна дека со напорна работа и посветеност, воздухопловниот ВИНГ прерасна во респектабилна и целосно компатибилна единица, која функционира и се развива согласно стандардите на НАТО.

„Водени од критериумите за интероперабилност и оперативност, а во рамки на долгорочниот план за развој на одбраната, со задоволство може да истакнам дека воздухопловниот ВИНГ е на пат да се модернизира со нови, современи воздухоплови, како и со најсофистицирани борбени системи и опрема за успешно водење на противвоздушна одбрана, со што ќе се зголеми и неговата борбена готовност“, додаде генералот Лафчиски. Притоа тој во оваа прилика ја истакна и исклучително важната улога на единицата во поддршка на цивилни институции и граѓаните воопшто.

Во своето обраќање, командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, ја нагласи важноста на 10 Јуни како симбол на истрајноста, визијата и професионализмот на военото воздухопловство, кое успешно се развивало од самиот почеток, и покрај големите предизвици по осамостојувањето на државата. Тој потсети на клучните историски моменти и етапи во развојот на воздухопловната компонента, почнувајќи од првиот воен лет во 1992 година, преку набавката на хеликоптери и авиони, учеството во меѓународни мисии, модернизацијата и формирањето на Центарот за обука на пилоти. Тој упати благодарност до сите припадници на единицата за нивната посветеност и истакна дека военото воздухопловство останува клучен столб на одбранбените способности и доверлив партнер во рамки на Алијансата.

Во рамки на свеченоста, беа доделени признанија и стимулативни мерки за припадници кои се истакнале со особена посветеност и професионален ангажман. Присутните имаа можност да проследат и прелет на воздухоплови со кои располага воздухопловниот ВИНГ и прелет на Ф-16, воздухоплови на грчкото воено воздухопловство во рамки на редовното воздушно патролирање.

Во пресрет на одбележувањето на денот на единицата, припадниците на вВИНГ организираа спортски активности, крводарителска акција и положија свежо цвеќе во знак на почит кон трагично загинатите припадници на вВИНГ – чин кој сведочи за негувањето на духот на солидарност, грижа и институционално сеќавање.

10 Јуни останува симбол на континуитет, стручност и визија – темели врз кои се гради иднината на военото воздухопловство на Армијата.

Најнови вести од Македонија

To top