Македонија она, кога не ти одговара, па „ќутиш“

„Молчењето е злато“: Бугарија онеме околу средба Сиљановска – Радев во Хаг

Сиљановска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Македонија понудила неколку идеи за деблокирање на пристапниот процес, откако крајниот одговор од Брисел за уставни измени со одложено дејство е „не“. Една од идеите е Европскиот парламент да донесе некаков акт – за состојбите меѓу Македонија и Бугарија. Можно е ова прашање да се отвори и во Европскиот совет преку давање некакви инструкции. И третата опција е потпишување на нов протокол во рамки на Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој би се гарантирало дека работата на историчарите од историската Комисија нема да претставува услов за интеграцијата, односно дека нема да биде основ за вето.

„Молчењето е злато“: Бугарија онеме околу средба Сиљановска – Радев во Хаг

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски неодамна изјави дека за време на посетата на Антонио Кошта, претседателот на Европскиот совет, било разговарано за можна средба меѓу Македонија и Бугарија за деблокирање на европскиот процес на Македонија. Вчера Викторија Трајков, заменик-министерката за европски прашања изјави дека одговорот од Софија за можна средба се очекува денеска.

Според изјавите на македонските челници, за овие средби се очекува поголема инволвираност на европските претставници. И за можната средба на македонската и бугарската делегација во Хаг, таа би можела да се одржи во присуство и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседтелот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на високата претствничка за надворшна и безбедносна политика, Каја Калас. „Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО, дел од земјите-членки во НАТО, меѓу нив, најголемите, тоа се Соединетите Американски Држави“, изјави Мицкоски во петокот по средбата со Калас.

Сиљановска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Македонија понудила неколку идеи за деблокирање на пристапниот процес, откако крајниот одговор од Брисел за уставни измени со одложено дејство е „не“. Една од идеите е Европскиот парламент да донесе некаков акт – за состојбите меѓу Македонија и Бугарија. Можно е ова прашање да се отвори и во Европскиот совет преку давање некакви инструкции. И третата опција е потпишување на нов протокол во рамки на Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој би се гарантирало дека работата на историчарите од историската Комисија нема да претставува услов за интеграцијата, односно дека нема да биде основ за вето.

Од македонска страна неколку пати до сега е искажана подготвеноста за разговор со Бугарија во секое време и на секое место со цел надминување на блокадата.

Остана нејасно кој е планот Б што го најави Калас за време на минатонеделната посета на Македонија откако би бил исцрпен планот А.

Најнови вести од Македонија

To top