Македонија

Мисајловски: Стратешкото партнерство, кое беше потпишано, само ја потврдува нашата сојузничка посветеност

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковникот Едвард Џон Грин.

На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка која ја зацврстува безбедноста на регионот и колективната безбедност на Алијансата.

– Стратешкото партнерство, кое беше потпишано неодамна, само ја потврдува нашата сојузничка посветеност и претставува дополнителен импулс за продлабочување на соработката во одбранбениот сектор, изјави Мисајловски

Најнови вести од Македонија

To top