Македонија изјава

Мисајловски: Македонскиот народ си ја сака државата, ја сака војската

Се подобруваат условите во армијата, треба време, но во брзо време тоа ќе се види, рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

Мисајловски: Македонскиот народ си ја сака државата, ја сака војската

Се подобруваат условите во армијата, треба време, но набрзо тоа ќе се види, рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

Распишавме оглас за 300 нови војници, е сега сакам да ви кажам за тоа колку е подобрена сликата за армијата, пријавени се 1861, а примаме само 300 и мислам дека во иднина ќе има се поголем интерес. Примањата на војниците се солидни, се подобрува изгледот на армијата, НАТО земја сме, сето тоа придонесува за секој еден млад човек да сака да биде дел од армијата. Еве денес завршуваат физичките подготовки, потоа почнуваат лекарските прегледи, што придонесува многу луѓе за жал  да не можат да влезат, но сакам да објава дека во наредниот период ќе се примат други војници бидејќи има интерес. Тоа покажува дека македонскиот народ си ја сака државата, ја сакаат војската, имаат почит кон луѓето во униформа, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека луѓето кои деноноќно работат за безбедноста на Македонија мора да се почитуваат.

Најнови вести од Македонија

To top