Македонија министерство за одбрана

Мисајловски: Билатералните односи меѓу министерствата и армиите на Македонија и Хрватска бележат нагорен тренд

Нашата соработка на билатерален и на регионален план во континуитет бележи нагорен тренд, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Мисајловски: Билатералните односи меѓу министерствата и армиите на Македонија и Хрватска бележат нагорен тренд

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ и полковникот Стјепан Домјанчиќ, на кој му истекува мандатот како одбранбено аташе.

Како што објави на неговиот фејсбук профил министерот Мисајловски на полковникот Домјанчиќ му се заблагодарил за досегашниот ангажман и како доајен на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Македонија и во одржувањето и унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете министерства и армии и му посакал добро здравје и успех на новата работна задача.

– Нашата соработка на билатерален и на регионален план во континуитет бележи нагорен тренд, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top