Македонија ЈПДП

Коце Трајановски и Сајкоски на увид: Санација на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар кон Цер

Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари.

Коце Трајановски и Сајкоски на увид: Санација на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар кон Цер

Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз, објави Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

-Денеска заедно со пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик министерот за Јавна администрација Лазе Јаќимоски и заменик директорот на ЈП Македонија пат Александар Шуковски, бевме на увид на еден таков пат каде што е во тек негова санација. Тоа е регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305 (Кичево-Демир Хисар) кон Цер, потенцира Трајановски.

Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт во должина од 5.100 метри и ширина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари.

Во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи (пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали) за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река кој е со земјан коловоз, со цел поврзување со Крушево, потенцира директорот на ЈПДП во објавата.

Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, каде што се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.

Најнови вести од Македонија

To top