Македонија Генералка викенд

Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации

Сите ние имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации, со што ќе ги намалиме предизвиците, со кои тие во иднина ќе се соочат, рече Јаневска.

Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации

Образовниот систем преку теми и содржини во наставните програми ги образува младите да бидат еколошки едуцирани, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска при учеството во акцијата Генералка викенд во Скопје кај Скопскиот аквадукт.

Во акцијата денеска се вклучија, претседателката Гордана Силјановска Давкова, општините и Зеднициата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС, амбасадори, волонтери на Црвен Крст и компанијата Пивара Скопје.

– Сите ние имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации, со што ќе ги намалиме предизвиците, со кои тие во иднина ќе се соочат, рече Јаневска.

Таа се заблагодари на организаторите, но и на сите спонзори на големата еколошка акција Генералка викенд. Таа се надева дека акцијата ќе продолжи, а идните генерации ќе се однесуваат кон природата како одговорни граѓани.

Амбасадорот на Австрија во државава, Мартин Памер изјави дека е среќен што акцијата Генералка викенд се одвива неколку години и е спремен и тој да учествува во неа.

-Мислам дека треба да бидеме свесни оти ова е важно не само за вас, за нас како луѓе кои живеат овде. Важно е и за имиџот на земјата и за турзимот, вели Памер.

Орце Ѓеоргиевски градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС најави дека активностите за Генералка викенд ќе продолжат во иднина мотивирајќи ги сите граѓани да се вклучат во овој процес и добро дело.

 

-Како ЗЕЛС апсолутно дадодвме поддршка уште пред неколку години на целата оваа иницијатива и практично денеска не само во Скопје, туку и во целата, ширум Републиката на повеќе локации, каде што има волонтери се приклучи ЗЕЛС, односно локалните самоуправи да помогне во овој процес, рече Ѓеоргиевски.

Според градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, тоа што акцијата се одвива кај Скопскиот аквадукт, еден од најзначајните споменици на културното наследство, претставува јасен повик за заедничка одговорност во зачувувањето на нашата историско наследство и градењето на почиста и поодржлива средина.

– Учеството на 100 волонтери од различни општини сведочи дека духот на солидарност и граѓанска свест е жив. Чистењето го сметаме не само како практичен чин, туку и како симболичен и едукативен акт преку кој ги истакнуваме заедничките вредости, одговорноста, грижата и почитта кон приодата и историјата, рече Ганиу.

За безбедноста на вклучените лица во акцијата се грижат тимови на Црвениот крст со волонтери кои истовремено ќе бидат дел од активностите на сите 29 локации.

– Сите во државава уште од најмала возраст треба да ги воспитуваме младите и еколошката свест да ни биде агенда од нашето секојднево живеење. Не треба да имаме вакви акции, акциите се за подигање на свест, но тие треба да бидат дел од нашата култура на живеење, порача секретарот на Црвен Крст, Сузана Тунева Пауновска.

Волонтерите вклучени во акцијата повикаа на мобилизација од сите. – Навистина природата е многу важна и нејзиното зачувување е наша должност и наша одговорност и мислам дека секој мал чекор, секоја мала акција од наша страна води кон нешто големо. И промената започнува од нас. Доколку сите почнеме малку по малку нашата средина да ја направиме барем малку поубава. Тоа е колективна одговорност, и секој еден од нас треба да се вклучи во вакава еколошка акција, со цел да ја направиме нашата средина поубава за живеење, изјави Стефан Николовски од Волонтерски центар Скопје.

Во акцијата Генералка викенд е вклучена и општествено одговорната компанија Пивара Скопје. Снежана Савиќ Димовска директор на секторот за корпоративни политики и одржливост Пивара Скопје истакна дека компанијата веќе четврта година по ред е стратешки партнер на оваа акција и воедно покажува дека компаниите имаат моќ да иницираат промени.

-За нас поддршката на оваа акција не претставува само обична поддршка и бројки, туку претставува своевиден израз на нашата компанијска визија, стратегија, одговорност и култура. Воедно и да се приклучат кон создавањето на нивни промени, вели Савиќ Димовска.

Најнови вести од Македонија

To top