Македонија 24 анализа

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

„Она што Владата го вети, а се однесува за реалокација на средства, односно средства коишто ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти тоа аполутно се реализира насекаде“, прецизираше во своето излагање градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на вчерашното гостување  во дебатната емисија „24 анализа“ на 24ТВ.

Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација.

„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски е дециден дека опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати.

„Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема средства и проекти да се потпишуваат со општините, се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес па се отиде кон тоа многу  често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има кои ќе одговорат на реализација на проектите, сега се оди кон тезата дека не се пуштени средствата. Не се пуштени средствата затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите“, категоричен е Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top