Македонија бугарин лут на починатиот папа

ЕНЧЕВ ИФРИТ: Папата Франциск кажа дека Македонците се различен народ од Бугарите

Одговарајќи на прашања на новинарите во авионот кој се враќаше во Ватикан по тридневното апостолско патување во Бугарија и во Македонија, тој изјави: Народите во Бугарија и во Македонија се сосема различни народи. Бугарија е земја со вековни традиции. И Македонија има традиција, но не како држава, туку како народ, кој успеал одлично да се изгради како нација…“, пишува бугарскиот новинар Енчев.

ЕНЧЕВ ИФРИТ: Папата Франциск кажа дека Македонците се различен народ од Бугарите

Бугарскиот новинар Велизар Енчев, кој е и поранешен пратеник и бивш амбасадор на Бугарија во Хрватска, реагира за тоа што медиумите во Бугарија посветиле големо внимание на смртта на папата Франциск.

„Веќе трет ден во домашните медиуми се врти траорна хистерија поради смртта на папата Франциск. Вестите и коментарите почнуваат и завршуваат со Франциск. Ако до крајот на неделата, кога ќе биде погребан папата Франциск, Марсовци слетаат покрај дупката во Царичина, ќе биде невозможно да ги убедиме дека не сме католичка земја. Денес нашите медиуми се поголеми католици од Папата, но забораваат што се случи на 8 мај 2019 година и што напишаа римските изданија „Република“ и „Ватикан њуз“. Одговарајќи на прашања на новинарите во авионот кој се враќаше во Ватикан по тридневното апостолско патување во Бугарија и во Македонија, тој изјави: Народите во Бугарија и во Македонија се сосема различни народи. Бугарија е земја со вековни традиции. И Македонија има традиција, но не како држава, туку како народ, кој успеал одлично да се изгради како нација…“, пишува бугарскиот новинар Енчев.

Натаму во својата објава на Фејсбук Енчев пишува:

„Откако ги пресече заедничките историски, етнички и јазични корени меѓу двете земји и со тоа го благослови антибугарскиот македонизам, папата Франциск библиски го легитимира и со овие зборови: За нас христијаните, Македонија е симбол на влегувањето на христијанството на Запад – на Запад влезе преку Македонецот кому во сон му се јави Св. Павле. „Дојди со нас“. Тој отишол во Азија. Овој повик бил мистерија. Македонскиот народ е горд со ова и не пропушта можност да каже дека христијанството навлегло поради повикот од Македонецот испратен кон Св. Павле“.

Овие зборови на папата Франциск, додава бугарскиот новинар, веднаш беа осудени од грчка страна.

Најнови вести од Македонија

To top