Вести УНИЈАТА НАЈСТРОГА ВО СВЕТОТ

ЕУ иницира ЗАБРАНА ЗА социјалните медиуми за ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИ

Предвидува да се дефинира дигитално полнолетство – возрасна граница од 15 години за најавување на популарните апликации како ТикТок, Инстаграм или Снепчет. Се инсистира на задолжително вградена проверка на возраста и родителска контрола на сите уреди за да се намали до минимум влијанието на функциите дизајнирани да ја зголемат привлечноста на апликациите и да ги задржат корисниците на интернет подолго време.

ЕУ иницира ЗАБРАНА ЗА социјалните медиуми за ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИ

Франција и Шпанија веќе го поддржале предлогот од Грција за строго регулирање на пристапот на малолетници до социјалните мрежи. За оваа иницијатива ќе дискутираат европските министри за дигитална технологија во јуни.

Вниманието кон ова прашање го привлече Aвстралија, која до крајот на годинава ќе воведе минимална возраст од 16 години за отворање профили на одредени страници и платформи на интернет.

Европскиот предлог е уште построг. Предвидува да се дефинира дигитално полнолетство – возрасна граница од 15 години за најавување на популарните апликации како ТикТок, Инстаграм или Снепчет. Се инсистира на задолжително вградена проверка на возраста и родителска контрола на сите уреди за да се намали до минимум влијанието на функциите дизајнирани да ја зголемат привлечноста на апликациите и да ги задржат корисниците на интернет подолго време.

Заштитата на нашите деца онлајн ќе биде клучен приоритет за претстојното данско претседателство со ЕУ, изјави данската министерка Каролин Стаге Олсен.

Франција уште во 2023 година усвои мерки за блокирање на пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години, но тие се уште не се спроведуваат.

Грција, која е автор на новиот предлог, води слична кампања. Ставот на премиерот Киријакос Мицотакис е дека целосната забрана не функционира.-

-Напорите треба да се фокусираат на проверка на возраста и отстранување на функциите што создаваат зависност кај младите корисници, порача Мицотакис.

И американската држава Тексас, во неповрзана иницијатива, воведува закон за ограничување на пристапот на малолетници до онлајн платформи. Според предложениот закон, за социјални медиуми се сметаат сите сајтови што им овозможуваат на регистрирани корисници да создаваат содржини.

To top