Ракомет Честитка за победата

„Така се бранат македонските бои“: Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид

-Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце, напиша Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

„Така се бранат македонските бои“: Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.

– Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп.

Горда сум на победниците!

Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!

Така се бранат македонските бои!

Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај.

To top