Ракомет голема заинтересираност

РК Алкалоид ги пушти во продажба билетите за финалниот меч АЕК

РК Алкалоид ги пушти во продажба билетите за финалниот меч АЕК

РК Алкалоид информираше дека веќе се пуштени во продажба билетите за натпреварот РК Алкалоид и АЕК и ќе чинат 200 и 300 денари.

„Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ се пуштени во продажба. Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари“, стои во објавата на клубот.

Натпреварот кој што ќе го даде освојувачот на Европскиот Куп се игра в недела, со почеток од 20:30 часот.

To top