Ракомет најдобрите судии во светот ќе бидат дел од ф4 во келн

Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург

Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург

Најдобрите ракометни судии во светот и овој Ф4 во Лигата на Шампионите во Келн не може да помине.

Како што веќе објави ЕХФ, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето во “Ланксес Арената“ меѓу Барселона и Магдебург.

Ова е уште еден доказ што значат во светот на ракометот двајцата македонски ракометни судии кои досега во својата кариера суделе финалиња на сите најголеми и најважни ракометни натпреварувања.

Кога сме кај годинашниот Ф4 во Келн, тој ќе се одржи 12-14 јуни. Покрај Барса и Магдебург, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Нант и Фуксе Берлин.

To top