Ракомет пред жрепката за ЕП 2026

Македонските ракометари сместени во третиот „шешир“

Македонските ракометари сместени во третиот „шешир“

Откако македонската машка ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, веќе се познати шеширите ладе ќе биде сместена пред ждрепката за завршниот турнир.

Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации  нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство.

Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

Шешир 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови

Шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија

Шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија

Ждрепката ќе се одржи во данскиот град Хернинг на 15 мај со почеток во 19 часот.

Веќе е познато дека Германија ќе игра во групата А во Хернинг, Данска во групата Б во истиот град, а Шведска во групата Е во Малме. Норвешка ќе игра во групата Ц во Осло, Фарските Острови ќе бидат во истиот град, но во групата Д, додека Исланд е сместен во групата Ф во Кристијанштад.

Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.

Европското првенство заедно ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

To top