Ракомет на отворањето на ракометното ЕП

Македонија против Данска на ЕП од 20:30 часот

Македонија против Данска на ЕП од 20:30 часот

ЕХФ ги објави сите детали за групната фаза на Европското првенство 2026 година. Македонската ракометна репрезентација доби тешка група, ќе игра против светскиот првак Данска и домаќин на континенталното натпреварување, како и против Португалија и Романија.

Дуелот со Данците нашите момци ќе го играат на 16. јануари, во вториот термин од 20:30 часот, додека пак натпреварите со Португалија (18. јануари) и со Романија (20. јануари) се играат во 18 часот.

За потсетување град-домаќин на нашата група е Хернинг, според системот за натпреварување првите две репрезентации од секоја група одат во главната рунда.

To top