Останати спортови Градски парк

Во Скопје почнуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот

Почетокот на сите мечеви е во 10:30 часот, а влезот е слободен.

Во Скопје почнуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот

На терените на тенискиот клуб Југ во „Градски парк“ во Скопје, претпладнево ќе почнат натпреварите од Третата Европска група од Дејвис купот.

Во пресрет на мечевите беше одржан и состанок на капитените (селекторите) на шесте репрезентации кои се учеснички во Скопје со Главниот судија на настанот Веселина Донева од Бугарија.

По состанокот, во кусите изјави сите потенцираа дека се подготвени за петдневна борба и дека се очекуваат неизвесни мечеви. Сите очекуваат нивните национални тимови да бидат во борба за првите три места, кои носат промоција во Втората Светска група. Како фаворити за пласман на првите три места најчесто тие ги рангираа Летонија, Македонија, Црна Гора и Молдавија.

Двојки за денес:

Македонија – Малта (Централен терен)

Летонија – Црна Гора (терен број 5)

Молдавија – Ерменија (терен број 8).

Почетокот на сите мечеви е во 10:30 часот, а влезот е слободен.

To top