Останати спортови пинг понг

Најмладите пинг понгари со добар настап на Балканското првенство во Бугарија

И ова првенство покажа дека Македонија има потенцијал во најмладите пинг понгари.

Најмладите пинг понгари со добар настап на Балканското првенство во Бугарија

10 млади пинг понгари се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција на Балканското првенство во Албена, Бугарија, од 21-ви до 25-ти Мај.

Младите настапуваа во категории до 11 и 13 години.

Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години каде што го освоивме 6-тото место, но репрезентацијата беше многу блиску до победа над Грција и влез во полуфиналето.

Во поединечна конкуренција забележан е добар настап на сите, а најсилен впечаток оставија Јован Пармачки и Филип Цековски кои беа на чекор до пласман во елиминациона фаза.

Репрезентацијата беше предводена од селекторот Милош Миленковиќ со асистенција на тренерите Зоран Јованоски, Јован Ковачовски и Томе Петков.

И ова првенство покажа дека Македонија има потенцијал во најмладите пинг понгари.

To top